Масимилијано Алегри го превзема Милан и намерува неговиот тим да биде активен во шампионската битка уште од првата сезона. А, со цел да ги подготви фудбалерите за престојните предизвици подготвил и „војнички“ правила, откриваат италијанските медиуми.
Имено, Милан подготовките за новата сезона ќе ги започне на 7. јули како еден од двата италијански тимови покрај Џенова со најран почеток на подготовките.
Од самиот старт се предвидени два тренинга на ден, првиот во 9 часот и 30 минути, а вториот во 18 часот со два задолжителни тимски собири за доручен и вечера па затоа на фудбалерите им е соопштено дека им е попаметно да останат во тренинг центарот за спиење.
Фудбалерите кои во текот на месецот завршија со меѓународните натпревари нема да добијат дополнителни слободни денови. Исклучок ќе бидат само Сантијаго Гименез кој настапува за Мексико и Лука Модриќ кој е дел од тимот на Реал Мадрид на ФИФА Светското клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

