Алегри: Среќата ги следи храбрите

Тренерот на фудбалерите на Јувенутс, Масимилијано Алегри, не крие дека е презадоволен по вчерашната минимална победа против Рома во дербито на Серија „А“. Италијанецот истакна дека оваа победа е заслужена, имајќи предвид дека неговите фудбалери покажале храброст и силна мотивираност.

Алегри потенцираше дека неговиот тим успеал да го крене квалитетот на играта по слабите резултати на стартот од сезоната.

„Направивме чекор нагоре иако ги немавме Дибала, Де Лихт и Рабио а Мората влезе пред крајот. Сепак, кога беше потребно забрзувавме со играта. Знаевме дека ќе биде тешко. Рома можеби заслужи реми, но, мали детали го решваат победникот“, изјави тренерот на Јувентус.

Се вчитува...