Алегри: Влаховиќ е под голем притисок, морам да го заштитам

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека Душан Влаховиќ во Јувентус се соочува со преголем притисок, а тој прави се за да го заштити.

Влаховиќ имаше одличен старт во Јувентус, но потоа против Торино не постигна гол, па дојдоа и првите критики. Српскиот напаѓач утре ќе дебитира со „старата дама“ во Лигата на шампионите во натпреварот на италијанскиот клуб против Виљареал.

„Натпреварот со Торино беше тежок. Во текот на сезоната има натпревари кога не можете да создадете многу шанси, но Јувентус одигра добро. Утре Влаховиќ ќе дебитира во Лигата на шампионите и не можеме да го ставиме притисок врз него. Мораме да му дадеме поддршка и да го заштитиме, јас сум човек кој ги штити своите фудбалери“, изјави Алегри.

Се вчитува...