Душан Влаховиќ продолжи да ги тресе мрежите во Серија А како што тоа го правеше и во дресот на Фиорентина, но бидејќи ја прифати одговорноста во поголем клуб како Јувентус, италијанските новинари се се повеќе воодушевени од српскиот напаѓач.
Влаховиќ постигна два мајсторски гола против Емполи за победа на Јувентус од 2-3, а тренерот Масимилијано Алегри воочи еден голем напредок кај напаѓачот на овој меч, а притоа го спореди и со човекот кој претходно го носеше дресот со број „7“ во Торино.
„Влаховиќ е играч кој има каратер, сака да победува, но што е најважно, сака да учи. Тој се движеше многу подобро од претходните натпревари, а тоа го барав од него … Влаховиќ како Роналдо? Не можеме да го споредуваме со човекот со број „7“ кој освои четири „Златни топки“. Влаховиќ е на почетокот на својата кариера. Добар натпревар не е доволен за да го споредите со Роналдо, мора да имате неверојатна ментална сила за да бидете како Кристијано, а Душан е на самиот почеток на својот пат“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА