Лука Модриќ пристигна како ѕвезда на залез на кариерата во италијанското Калчо, но она што го прикажа Хрватот во дресот на Милан ги надмина и очеккувањата на неговите најголеми фанови.
Во таборот на Милан не кријат дека се воодушевени од настапите на хратскиот ветеран, а тренерот Масимилијано Алегри јасно стави до знаење дека клаузулата за автоматско продолжување за уште една година е подготвена за активирање, само доколку Лука изрази желба да продолжи да игра фудбал.
„Сите знаете од какво значење е Модриќ за нас. Дали сакаме да остане? Секако дека сакаме, но тоа не е само наша одлука. Лука треба сам да реши, а доколку сака да игра уште една година, тоа ќе биде одлично“, истакна Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

