Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека фудбалот губи извонреден играч, еден ден откако фудбалерот на неговиот тим Пол Погба по вторпат беше позитивен на на допинг тестот.
Погба се соочува со суспензија од четири години, бидејќи и анализата на Б примерокот покажа дека е позитивен на тестостерон. Францускиот фудбалер беше тестиран по случаен избор по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе во Серија А на 20. август, кој го следеше од клупата за резерви. Тој бил позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста.
„Човечки гледано, многу ми пречи, бидејќи сум близок со тоа момче. Фудбалот губи извонреден играч кој се разликуваше од другите“, изјави Алегри.
Бидејќи вториот примерок беше позитивен, Погба може да биде суспендиран на четири години. Суспензијата би можела да се намали на две години, доколку се утврди дека немало умисла.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

