Алехандро Балде и дефинитивно ја напушта Барса

Алехандро Балде би можел да ја напушти Барселона уште во текот на зимскиот преоден рок, бидејќи ја изгуби довербата на Ханси Флик и падна во втор план на позицијата лев бек.

Според „Мундо Депортиво“, шпанскиот репрезентативец е свесен дека повеќе не е меѓу приоритетите на германскиот стратег и е подготвен да ја промени средината за повторно да добива редовна минутажа.

Шпекулациите за негово заминување се појавија уште во текот на летото, кога Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед покажаа интерес за него. Сепак, до трансфер тогаш не дојде.

Балде очекуваше поголема улога по повредите во одбраната на Барселона, но доби шанса само како резерва на натпреварите против Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Алавес.

Се вчитува...