Алеиш Гомез Абелјо го урна рекордот на Кирил Лазаров

Шпанскиот ракометар и член на Барселона, Алеиш Гомез Абелјо испиша историја кога се во прашање Ф4 турнирите во „Ланксес арената“ во Келн.

Тој денеска во натпреварот за трето место на неговиот тим против Пари Сен Жермен стигна до голот број 69 на Ф4 турнирите и со тоа стана најдобар стрелец откако завршниот турнир се игра Лигата на шампионите.

Тој ги мина најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров и Данецот, Микел Хансен кои досега беа водечки со по 68 гола.

 

Се вчитува...