Алек Јончевски е на чекор до камбек во Кожув

Актуелниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Алек Јончевски, е многу блиску до преземање на кормилото на Кожув. Јончевски, кој пред неколку години го предводеше тимот од Гевгелија, е во завршна фаза преговори со управата на клубот, а се очекува на утрешните финални преговори да бидат договорени сите детали и да биде потпишан договорот за соработка, не само до крајот на оваа, туку и за наредната натпреварувачка сезона.

Јончевски ја почна сезонава во косовскиот шампионат, тој неодамна си замина од клупата на Трепча, но македонскиот селектор не чекаше многу за понуда за нов клупски ангажман.

Раководството на Кожув најавува подобри денови за овој клуб, кој има четири победи и осум порази во досегашните 12 одиграни средби во Првата лига. Покрај доаѓањето на Јончевски за нов тренер, за очекување е гевгеличани да доведат и неколку квалитетни засилувања со кои овој тим би делувал многу посериозно во вториот дел од сезонава.

Се вчитува...