Алек Јончевски останува на чело на Кожув

Алек Јончевски го очекува напорно лето со македонската кошаркарска репрезентација, а актуелниот селектор во меѓувреме осигура и нов клупски ангажман.

Јончевски се договори да ја продолжи соработката со Кожув, клуб што го водеше во вториот дел од ланската сезона и обезбеди место во плејофот. Иако актуелниот договор истече на крајот од сезоната, двете страни задоволни од соработката се договорија истата да продолжи уште најмалку една година.

„Ми се допаѓа проектот на Кожув, имаме слична визија со управата и се договориме да продолжиме да соработуваме. Јас веќе сум во потрага по нови засилувања, една од зацртаните цели ни е подмладување на екипата и верувам дека ќе составиме квалитетен тим за наредната сезона“, изјави Јончевски.

Се вчитува...