Алек Јончевски презема клуб од Унгарија

Доскорешниот селектор на Македонија, Александар Јончевски во новата сезона ќе биде дел од унгарското првенство каде ќе го предводи Атомерун, четирикратниот шампион и освојувач на тамошниот Куп.

Во новиот предизвик Јончевски влегува по успешна сезона во Полска каде го предвоеше Сласк и за него тоа претставува прв ангажман во Унгарија откако претходно беше дел од МЗТ Скопје, Спартак Суботица, Кожув, Гостивар, Трепча и призренски Башкими.

Се вчитува...