Алекс Душебаев: Македонија има сериозна екипа

mec baner

Македонските ракометари вечерва (20.45 ч.) играат против Шпанија во четвртиот дуел од Б групата на СП во Франција. Шпанците се фаворити во овој дуел, но Алекс Душебаев предупредува дека Македонија може да биде незгоден противник и дека мора да одиграат максимално.

За нас е многу важен овој дуел со Македонија. Ако победиме, знаеме сигурно дека сме први или втори во групата. Ни треба победа, мора да излеземе стопроцентно на терен и да победиме. Македонија можеби против Словенија не одигра најдобро, но знаеме дека тоа е една многу сериозна екипа и дека на ова СП, одлично ги одиграа првите два натпревари против Тунис и Ангола. Мора добро да се подготвиме бидејќи во македонската репрезентација има неколку опасни играчи“ – истакнува десниот бек на Вардар и на шпанската репрезентација.

Шпанија има максимални три победи од првите три натпревари и со Словенија се во игра за првото место во групата.

Ние имаме три победи од три натпревари и не може да не бидеме задоволни. Мислам дека од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри. Сега ќе треба да пружиме и многу повеќе, како што одминува првенството“ – вели Душебаев.

Се вчитува...