Најголемиот британски фудбалски стратег, Сер Алекс Фергусон, се наоѓа во животна опасност откако утрово претрпел мозочен удар и морал експресно да биде опериран. Информацијата е објавена вечерва откако неговиот син Дарен го пропуштил натпреварот на својот клуб за да биде крај својот татко, по што медиумите обелоденија дека состојбата не е нималку наивна.
„Сер Алекс Фергусон денеска беше опериран по мозочен удар. Хируршкиот зафат минал многу добро, но сега ќе следи период на интензивна нега за состојбата да се стабилизира. Семејството Фергусон бара приватност во овој период“ – се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.
Целокупната британска јавност е во шок по ваквиот развој на настаните, особено откако Фергусон минатиот викенд делуваше одлично пред дербито Манчестер јунајтед – Арсенал, кога му додели подарок на својот долгогодишен ривал Арсен Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА