Алекс Маркез со пол позиција во Каталуња

Алекс Маркез ја освои првата пол позиција во сезоната на патеката „Каталуња“ со време од 1.37.536 минути. Возачот на Јамаха, Фабио Куартараро , 0.267 секунди зад победникот во квалификациите.

Марк Маркез од Дукати заврши трет, 0,409 секунди зад својот брат.

Спринт трката за ГН на Каталонија ќе се одржи во сабота од 15:00 часот, додека главната трка е еден ден подоцна во 14:00 часот.

Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 455 поени, Алекс Маркез е втор со 280, а Франческо Банџаја е трет со 228.

Се вчитува...