Рускиот хокеар Александар Овечкин стана најдобар стрелец во историјата на Националната хокеарска лига на Северна Америка (НХЛ) постигнувајќи го својот 895-ти гол за Вашингтон Капиталс на мечот против Њу Јорк Ајландерс.
Со тој гол, 39-годишниот Русин го собори рекордот на легендарниот Канаѓанец Вејн Грецки, кој се уште е рекордер по број на поени (голови + асистенции) со 2.857.
Грецки, кој многумина го сметаат за најдобар хокеар на сите времиња, е рекордер од 1994 година, кога го престигна претходниот рекордер, исто така легендарниот играч Горди Хау.
ALEX OVECHKIN IS THE GREATEST GOALSCORER IN NHL HISTORY!
#Gr8ness pic.twitter.com/NKef3VvNaJ
— NHL (@NHL) April 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА