Јувентус веќе не е тим што го продава најдоброто, одби 50 милиони евра од Манчестер сити за нивниот лев бек, Алекс Сандро. Факт е дека одборот на Манчестер сити е подготвен да му ја исполни секоја желба на Гвардиола, за следната сезона да се вратат во трката за шампионатот, откако годинава експериментите на Пеп не успеваа.
Бразилскиот бек е опсесија на Гвардиола, шпанскиот стратег е подготвен да потроши 100 милиони евра за него и Бонучи, но Јувентус цврсто стои до првата и конечна одлука, а тоа е дека ниту едниот ниту другиот е на продажба. Алекс Сандро во Торино пристигна минатата сезона за 26 милиони евра од Порто, трансферот се покажа како полн погодок, веќе две сезони е незаменлив покрај левата аут линија.
Од раководството на Јувентус велат дека ниту идни понуди нема да бидат прифатени, ниту можни размени на играчи со доплата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА