Алекса Аврамовиќ се враќа во Евролигата – Ќе игра за Дубаи!

Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ повторно се враќа во Евролига следната сезона, потпишувајќи за новиот член Дубаи кој доби петгодишна лиценца од најквалитетното европско клупско натпреварување.

По 47 настапи во Евролигата со Партизан, бекот од Чачак повторно ќе игра во елитното натпреварување откако Дубаи се договори за трансфер со ЦСКА Москва, која ќе добие отштета.

Одлуката на Евролигата да го прошири натпреварувањето на 20 клуба, што вклучува покани до Валенсија и Дубаи, кои ќе добијат петгодишен договор, во голема мера го олесни доаѓањето на плејмејкерот на српската репрезентација.

Аврамовиќ го напушти тимот на Партизан минатото лето и замина во Русија. Во ЦСКА оваа сезона, тој има просек од 12,8 поени, 3,4 асистенции и 2,8 скока.

Неодамна, претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, проговори за клаузулата во неговиот договор, според која Аврамовиќ не може да потпише договор со Црвена Звезда, со која беше поврзуван во минатото.

Се вчитува...