Кошаркарскиот агент Мишко Ражнатовиќ истакна дека има различни понуди за плејмејкерот на Партизан, Алекса Аврамовиќ.
Ражнатовиќ изјави дека интерес за еден од најдобрите српски кошаркари има и од НБА тимовите.
Аврамовиќ одигра брилијантно на Мундобаскетот, каде со своите игри и помогна на српската репрезентација да постигне голем успех и да го освои сребрениот медал.
„Се сеќавам на денот кога се пресели во Раднички затоа што во тој момент ми беше многу важно. Беше исклучително момче. Алекса Аврамовиќ е најдобриот играч од Чачак што го претставував затоа што минатата година направи многу, достигна квалитет дури и од НБА многу прашуваат за него. Сепак, суштината е дека тој е убаво и фино момче со кое имам одлична комуникација. Не сонувавме баш, но му се оствари да освои сребро на Светското првенство, да го стави во џеб најдобриот бек во НБА лигата… видов и дочекот по Мундијалот во Чачак, никој немаше таков дочек, дури и му љубоморев. Алекса го заслужи тоа“, изјави Ражнатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА