Фудбалската Федерација на Македонија се реши да направи промена на кормилото на женската А репрезентација, за нов кормилар на националниот тим именувајќи го Александар Андов.
Овој стручњак досега беше асистент на селекторот Кирил Изов, но Андов сега ја доби довербата на „куќата на фудбалот“ да биде предводник на женскиот национален тим.
„Фудбалската федерација на Македонија го назначи Александар Андов за нов селектор на македонската женска А репрезентација. Александар Андов досега ја извршуваше функцијата асистент во стручниот штаб на досегашниот селектор, Кирил Изов.
Фудбалската федерација на Македонија упатува благодарност до Кирил Изов за неговиот професионализам и посветеност во текот на извршувањето на селекторската функција. Во оваа прилика му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“, се вели во соопштението на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА