Англискиот репрезентативец и член на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд е блиску до селидба во Реал Мадрид. Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, Трент е чекор поблиску до „кралевите“.
Официјално, Реал би требало да го промовира веднаш по завршувањето на сезоната. Сите се вклучени во разговорите, и одат натаму да Тренд стане дел од таборот на „кралевите“ за идната сезона.
Договорот на Арнолд истекува на крајот на сезоната, и тој како слободен ќе си замине од таборот на Ливерпул. Тој ќе треба да ја засили десната бековска позиција на Реал Мадрид, која сезонава е проблематична поради тешката повреда на Дани Карвахал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА