Легендата на црвено-црниот дрес, поранешниот македонски репрезентативец Александар Бајевски е нов спортски директор на Вардар.
Бајевски ја презема оваа функција во обидот клубот низ актуелната сезона да се избори за експресно враќање во елитното друштво.
„Особена чест и задоволство ни е да го најавиме враќањето во нашиот клуб на вардаровата легенда Александар Бајевски, овојпат во улога на спортски директор. Со заеднички сили кон остварување на зацртаните цели, враќање на Вардар на местото каде што припаѓа“ – информираат од ФК Вардар.
Бајевски во својата играчка кариера има пет официјални настапи за македонската репрезентација. Настапуваше, покрај за Вардар во македонското првенство, и за ОФК Београд во Србија, Ѓер и Ференцварош во Унгарија, Горник Лечна во Полска, белгиски Мехелен и катарски Ал Ахли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА