Александар Ѓурковски се врати во Тиквеш

Прволигашот Тиквеш во следната сезона ќе може да смета на услугите на Александар Ѓурковски, потврди клубот. Ѓурковски кој претходната сезона ја помина на позајмица во Шкупи се очекува да биде големо засилување на стоперската позиција по заминувањето на Делов и Каракамишев.

Тивкеш подготовките за новата сезона ќе ги започне 22. јуни на Градскиот стадион во Кавадарци.

„Ѓурковски Александар ново име во ГФК Тиквеш!!!

Официјално,денес е ставен потпис на едногодишен договор помеѓу Ѓурковски Александар и ГФК Тиквеш.
Тој е старо нов член бидејќи минатата сезона беше на позајмица од екипата на ФК Шкупи.

Да кажеме дека стартот од подготовките за новата сезона ќе биде на 22 јуни (Среда) на Градскиот стадион во Кавадарци.
Исто така со повеќе информации околу продолжувањата на договорите на нашите играчи и заминувањата на дел од нив ќе бидете известени во текот на следните денови.

Со Почит,
ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци“, стои во објавата на кавадаречкиот тим.

Се вчитува...