Бундеслигашот Борусија Дортмунд ќе добие квалитетно засилување во своите редови, затоа што, како што информираат медиумите од Германија, договорен е трансферот на талентираниот напаѓач на АИК, Александар Исак.
За неговите услуги се интересираа многу клубови од Европа, но „милионерите“ ја добија битката за негов ангажман и се очекува официјализирање во текот на денешниот ден.
Според неговите фудбалски карактеристики, Исак е нарекуван како „новиот Ибрахимовиќ“, а неговото обештевување изнесува 10 милиони евра и останува да видиме како ќе се покаже со неговите 17 години во гигантот од Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА