Александар Љафтов дебитираше во најсилната одбојкарска лига во светот

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов дебитираше во италијанското првенство во поразот на неговата Равена на гостувањето кај Пијаченца со 3-1, по сетови 25-17, 25-17, 19-25 и 27-25.

Љафтов натпреварот го заврши со десет поени, со кои беше трет најдобар поентер на својот тим веднаш зад Клапвијк со 15 и Вукасиновиќ со 11 поени.

 

Се вчитува...