Александар Маленко нов претседател на Пливачката федерација на Македонија

Прославениот македонски пливач Александар Маленко е избран за нов претседател на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Тој ја доби довербата од делегатите на денешното Изборно собрание на ПФМ, што се одржа на Факултетот за физичка култура. На седницата на највисокото тело на ПФМ учествуваа 22 делегата од сите 11 клуба, сите активни и со право на глас според Статутот.

Маленко во гласањето беше за нијанса подобар (12-10 во гласови) од Миро Крстевски, кој исто така беше кандидат за наследник на Александар Коцевски на претседателската функција.

„Благодарам на сите делегати за укажаната доверба на денешното транспарентно Изборно собрание да бидам претседател на Пливачката федерација на Македонија. Од понеделник почнува имплементација на професионализам во македонското пливање“, истакна Александар Маленко.

За нов претседател на далечинско пливање е именуван Томи Стефановски.

 

Се вчитува...