Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Милков ќе ја продолжи кариерата на Кипар. Тој потпиша договор со кипарскиот клуб Енозис Паралимни. 37-годишниот одбојкар се приклучи и на националниот тим кој се подготвува за настап на Европското првенство во Словенија со надеж дека со непроценливото искуство ќе може да помогне во дебитантското учество на Македонија на континенталниот собир.
Милков од 2015 година е интернационалец во Франција, играше за Монпелје, а потоа и за Сен Квентин. Има интернационално искуство и од Катар, Русија, Тунис, Романија, Хрватска, Шпанија, а кариерата ја почна во Струмица и во Работнички Фершпед.
Милков има одредени проблеми со коленото, но лекарскиот тим ќе се обиде да го оспособи да биде во потребната форма за стартот на ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА