Македонскиот фудбалер Александар Мишов, стана нов играч на казахстански Туран. Тој досега настапуваше во бугарскиот тим Етaр, а настапуваше и во Самтредија, а беше дел од Тиквеш, Борец и АП Брера.
Мишов му се приклучува во Туран на Виктор Велкоски, кој е дел од овој клуб.
Мишов не се прослави во бугарскиот тим Етер, каде што одигра само 117 минути, и заминува по поголема минутажа. Ова ќе биде негов прв предизвик во Казахстан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА