Александар Митровиќ се поблиску до Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

Ал Хилал предводен од српскиот интернационалец Александар Митровиќ стигна до 11 победа во првенството на Саудиска Арабија откако во 13. коло славеше над Ал Тавон со 2-0 со што воедно ја зголеми предноста на врвот на табелата.

Србинот стрелаше во 81. минута со што го отвори натпревар, а победата ја потврди Кано во деветтата минута од судиското продолжение. За Митровиќ тоа е јубилениот десетти гол првенството на Саудиска Арабија со што сега заостанува само два гола зад Кристијано Роналдо кој со 12 постигнати голови ја предводи листата на стрелци.

Се вчитува...