Александар Петровиќ – нов тренер на Пелистер!

Едно од најистакнатите македонски кошаркарски имиња, Александар Петровиќ ќе биде нов тренер на КК Пелистер.

Битолчани согласно сопствените шампионски амбиции за следната сезона, го ангажираа еден од најдобрите македонски тренери кој, како што дознаваме, по веќе постигнатиот договор ја очекува само официјалната промоција меѓу „пелистерци“ каде се враќа по 16 години, откако во сезоната 2007/08 ги предводеше во најсилниот домашен шампионат.

52-годишниот Александар Петровиќ беше прогласен за најдобар тренер на Македонија за 2022 година, во која успеа да го однесе МЗТ Скопје во најсилната АБА лига, притоа освојувајќи ја и шампионската титула со „металците“. Токму МЗТ Скопје, со кого се раздели во 2023 година, беше и негов последен тренерски ангажман. Претходно ово својата кариера беше и на клупите на Академија ФМП, Куманово и Карпош Соколи.

Пелистер три едноподруго години игра во финалето на македонското првенство, но досега не успеа да се закити со шампионската круна. Ангажманот на Петровиќ е токму во насока на остварување на амбициите о следната сезона да се атакува на трофеите на домашната кошаркарска сцена.

Се вчитува...