Александар Секулиќ нов тренер на Дубаи

Дубаи вчера се раздели со Јурица Големац. Иако стручњакот го продолжи договорот со клубот до 2028 година во октомври минатата година, по поразот од Ефес тие се разделија. 

Клубот од Дубаи пронајде замена. Актуелниот селектор на Словенија, Александар Секулиќ седнува на клупата на клубот. Секулиќ е привремено решение до крајот на тековната сезона, објавија од Дубаи. 

Победа против Валенсија во последното коло, заедно со поразот на Барселона од Баерн, би го обезбедиле пласманот на Дубаи понатаму, а Секулиќ ќе го предводи тимот на тој меч. 

Се вчитува...