Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата на дуелот меѓу репрезентациите на Франција и Луксембург, кој е закажан за 3. септември, во Тулуз. Мечот се игра во рамките на квалификациите за Светското првенство во Русија, 2018 година.
Помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски.
Ставрев ќе стане само вториот македонски судија кој делел правда на француската репрезентација. Емил Божиновски во 2003 година беше главен арбитар на квалификацискиот натпревар за ЕП помеѓу Франција – Малта, каде „триколорите“ славеа со високи 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА