Александар Ставрев ќе суди на Малта

Нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев ќе ја отвори за македонските меѓународни судии новата сезона во квалификационите натпревари за европските купови.

Од страна на Судиската комисија на УЕФА тој е одреден да биде главен судија во првото квалификационо коло во Лигата на шампионите на мечот меѓу првакот на Малта, Хамрун и шампионот на Гибралтар, Линколн. Мечот се игра на 9. јули.

Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе бијде Јован Качевски. Ова е вторпат во богатата судиска кариера Ставрев да суди на Малта. Во 2015 година го судеше натпреварот во квалификациите за Европското првенство меѓу Малта и Бугарија кој заврши 0-1. И тогаш му помагаше Дејан Костадинов, втор помошник, беше Марјан Кировски, четврти судија Дејан Јакимовски.

Се вчитува...