Александар Ставрев ќе се збогува со судењето на мечот Работнички – Пелистер

За нашиот, последниве години најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев се потсетивме  на онаа народна поговорка: се што е убаво  во животот, има и свој крај. По 28 години  минати  на фудбалските терени во Македонија, како главен судија ,најпрвин во младинските и кадетските лиги, потоа во Втората, за да продолжи со голем успех во Првата лига, има отсудено 878 натпревари заедно со мечевите  во Купот и бараж средбите. Навистина импозантен биланс на една успешна и  блескава судиска кариера. Во недела, во последното есенско коло на Првата лига, Александар Ставрев ќе се збогува со  своето свирче, за последен пат ќе ја дели фудбалската правда  на мечот меѓу Работнички и Пелистер бидејќи ја исполнил старосната граница до кога може активно да суди.

За овие 28 години, почнувајќи од 1996 година, Ставрев има отсудено 371 ,во недела ќе биде уште еден меч повеќе  во Првата лига, 73 во Втората, 35 мечеви во  Купот (пет финалиња), еден супер куп и  9 бараж средби. Во бројката од 878  отсудени  натпревари се вклучени и мечевите во младинските, кадетските  и регионалните лиги кога беше млад  и перспективен судија.

Се уште се сеќава  на своето судиско деби  во Втората лига,  на 9 јуни 2000 година меѓу Куманово и Вардар од  Неготино 2:0.  Прволигашкого деби го имаше две години подоцна на 11 септември 2002 : Брегалница /Делчево/-Тиквеш 0:3.

Од страна на Судискиот одбор  на ФФМ , поради одличното судење, Александар Ставрев 2006 година  беше предложен за меѓународен судија, предлогот Судиската комисија на УЕФА го усвои и веќе 19 годинi Ставрев е на меѓународната листа. На терените  во Европа има отсудено 147 натпревари.

Заедно со Ставрев, за последен пат на мечот Работнички-Пелистер ќе„мафта“ и еден од  нашите најдобри асистент судии Дејан Костадиновски,  бидејќи и тој ја исполнил старосната граница до кога може да суди.

М.Мицковиќ

Се вчитува...