Александар Таневски е нов тренер на Беса

Александар Таневски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на второлигашот Беса.

Таневски се договори со раководството на клубот за преземање на тимот до крајот на сезоната, откако Беса не стартуваше согласно посакувањата во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

39-годишниот Таневски претходно во својата кариера беше тренер на Скопје, Македонија ЃП и Академија Пандев.

Се вчитува...