Македонската кошаркарска репрезетнација преостанатите дуели од квафикацискиот циклус за паклсамн на следното Европско првнество ќе го одигра турнирски, односно во таканаречените „меури“ бидејќи ФИБА донесе ваква одлука со цел заштита на играчите и на сите инволвирани од короанвирусот. За селекторот на нашиот национален тим, Александар Тодоров ваквото решение на ФИБА е сосема очекувано.
„Иако за многумина одлуката на ФИБА од пред неколку дена е изненадувачка, не поради начинот на играње, а поради фактот воопшто да се дозволи одигрување на ноемврискиот прозорец, за мене лично тоа е сосема очекувана одлука. Секако имајќи ги предвид финансиските бенефити од овие прозорци, но и згуснатиот календар во втората половина на 2021, квалификации за Олимпијадата, Олимписките Игри, почеток на квалификации за СП 2023. Независно каде ќе се игра ‘балонот’, ризикот по здравјето на играчите и останатите членови на репрезентациите ќе биде голем. Впрочем гледаме насекаде безбројни одложувања на натпревари заради заразени играчи, а според сите најави, нè очекува уште пожесток бран со почетокот на есента“ – смета Тодоров.
Одлуки за тоа каде би биле овие турнири засега нема. Едната опција е да бидат на неутрален терен, но постои можност турнирите во нашата група да и бидат доделени на Естонија затоа што оваа држава има поволна епидемиолошка слика во однос на вирусот. Фиба информираше дека одлуките околу оргнаизаторите же бидат донесени на 6. ноември.
„Ако говориме за кошаркарскиот дел, сигурно е дека за нас е подобро средбите да се играат на неутрален терен. Иако, се разбира, можно е организацијата на нашата група да биде доделена на Естонија, поради, барем засега, погодната епидемиолошка ситуација таму. Во овој период многу работи се менуваат секојдневно. Затоа, треба да почекаме да видиме што ќе се случува во почетокот на ноември. Впрочем, кој знае да даде одговор што ќе се случува до ноември? Дали и какви забрани за патувања ќе има. Кога го говорам тоа не мислам само на патувањата на репрезентациите, туку, исто така, за организирање на пристигнувањето и заминувањето на репрезентативците кои настапуваат во странство“- вели селекторот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА