Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, го постигна својот прв гол за Локомотива Загреб, откако му се приклучи на тимот на почетокот на декември минатата година.
Трајковски беше стрелец на единствениот гол за хрватскиот тим против Капфенберг во пријателски натпревар одигран во Медулин, Хрватска кој заврши без победник 1:1.
Трајковски по доаѓањето одигра три натпревари за својот нов тим во хрватската лига, или вкупно 151 минута, а се очекува во пролетниот дел да фати континуитет за да се наметне на селекторот Гоце Седлоски за баражите на крајот на март против Данска, и потоа против една од репрезентациите на Република Ирска и на Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

