Македонскиот интернационалец Александар Трајковски ќе добие нов тренер во Хајдук откако раководството на хрватскиот тим денеска се одлучи официјално да ја прекине соработката со тренерот Иван Леко.
Хајдук под водство на Леко забележа четири порази во последните шест натпревари со што ја загуби предноста на врвот на табелата. Одлуката за отказ доаѓа по последниот пораз од 2-0 од Осијек во кој хрватскиот стратег наиде на остри критики во јавноста во Хрватска со оглед на тоа што неговите фудбалери не успеаја да упатат ниту еден обид кон противничкиот гол.
LEKO HAS BEEN SACKED!
Ivan Leko is no longer the manager of Hajduk after suffering 4 losses in the last 6 matches.#HNL #Hajduk #Leko pic.twitter.com/8Ak58zgoL6
— Croatian Football (@CroatiaFooty) October 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА