Александар Трајковски нова „деветка“ на Хајдук Сплит (ВИДЕО)

Александар Трајковски и официјално е нов играч на Хајдук. Сплитските „бели“ со видео под името „Никогаш не е доцна“, го претстави македонскиот репрезнтативец.

Со тоа се остварија најавените шпекулации дека Трајковски ќе потпише во Хајдук, и дека после неколку години ќе се врати во шампионатот на Хрватска.

„Преубаво е чувството да се дојде во Хајдук. Се добро помина и со нетрпение чекам да се приклучам на екипата. Ја познавам лигата, играв тука пред 13 години, сега се вратив и среќен сум што ќе играм во таков голем клуб. Имам искуство, минав низ неколку првенства, многу настапи за репрезентацијата и се надевам дека ќе придонесам за Хајдук да ги исполни целите кои ги зацрта“, изјави Трајковски.

Трајковски во новиот тим ќе ја носи „деветката“.

Се вчитува...