Александар Волкановски со нокаут ја одбрани шампионската титула во УФЦ (ВИДЕО)

Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски по петти пат во кариерата ја одбрани УФЦ шампионската титула во лесна категорија.

На УФЦ евентот 290 во главната борба Волкановски се сретна со Мексиканецот Јаир Родригез, а славеше со нокаут со четвртата рунда откако беше доминантен во првите две рунди, а третата му припадна на неговиот противник.

Волкановски кој веќе важи за УФЦ легенда во својата категорија има учинок од 26 победи и само два порази.

Се вчитува...