Александер-Арнолд во јануари потпишува со Реал Мадрид

За точно 76 дена, односно 11 недели, Трент Александер-Арнолд ќе може слободно да потпише за кој било клуб, а потоа, кога неговиот договор со Ливерпул дефинитивно ќе истече на 30 јуни следната година ќе може да замине на својата нова дестинација.

Не само поради фактот што „црвените“ сè уште не ја продолжија соработката со едно од заштитните лица на модерниот Ливерпул, момче кое низ Академијата се проби до првиот тим на менаџерот Јирген Клоп и стана незаменлив дел од неверојатна серија резултати, но и поради тешката повреда на Дани Карвахал, медиумите во Шпанија и Англија очекуваат дека Реал Мадрид нема да пропушти ваков „зицер“.

„Кралевите“ во името на Арнолд гледаат одлична замена која треба долги години да биде дел од новата ера на шпанскиот гигант кој и во следната деценија сака да ја продолжи доминацијата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...