Поранешната македонската олимпијка Александра Војневска е избрана за нов претседател на Атлетската федерација на Македонија.
На синоќешното Вонредно Собрание на Атлетската федерација на Македонија со една точка на дневниот ред – избор на ново раководство на АФМ, едногласно беше разрешен досегашниот прв човек Крсто Серафимовски и избрана Војневска за иден преводник на македонската атлетика. На Собранието на АФМ беа избрани и новиот Управен одбор и нов Надзорен одбор на федерацијата.
Александра Војневска е поранешна долгодишна македонска атлетска репрезентативки. Од 2017 година е и претседател на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА