Во пресрет на новата кошаркарска сезона во Евролигата, специјализираниот портал „Eurohoops“ ја објави листата на десетте најдобро платени играчи во Европа. На врвот, далеку пред сите е рускиот репрезентативец Алексеј Швед кој игра за Химки и заработува 4 милиони долари по сезона. Второпласиран на листата е уште еден играч од руското првенство, Нандо де Коло кој во ЦСКА Москва има плата од 2.750.000 долари.
На делба на третата позиција се Ник Калатес од Панатинаикос и Серхио Родригез од ЦСКА Москва кои имаат сезонска заработка од нешто повеќе од 2,5 милиони долари. На листата има уште двајца кошаркари кои имаат заработка над 2 милиони долари, Јан Весели од Фенербахче со 2.430.000 долари и Серхио Љуљ кој во Реал Мадрид има плата од 2.2 милиони долари.
Во најдобрата „десетка“ потоа се четворица играчи кои имаат плата за нешто помалку од границата од 2 милиони долари, Крис Синглтон од Барселона (1.900.000), Мајк Џејмс во Армани (1.800.000), Шејн Ларкин во Анадолу Ефес (1.700.000) и Жофри Ловерњ од Фенербахче (1.700.000).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА