Алекси Пантуро го освои првиот златен медал на Алпските светски скијачки првенства со триумфот во комбинација на шампионатот во Оре. Францускиот скијач имаше најдобро вкупно време по спустот и слаломот и триумфираше пред изненадувањето на денот, Словенецот Штефан Хадалин кој го освои среброто. Тој го направи најголемиот успех во кариерата и и го донесе на неговата земја вториот медал од ова првенство. Пантуро претходно имаше злато од пред две години во тимска конкуренција и бронза во велеслалом од Бивер Крик во 2015 година.
Победничкото време на Пантуро беше 1.47.71 минути, а Хадалин заостана 24 стотинки. До бронзата, со заостанување од 46 стотинки, дојде Австриецот Марко Шварц и конечно донесе медал за австриската репрезентација на овој шампионат.
Утре во Оре на програмата е тимското натпреварување, а в четврток женскиот велеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА