Алексис Санчез го заврши кошмарот во Манчестер Јунајтед откако денеска и официјално ја комплетираше едногодишната позајмица во таборот на Интер. Чилеанецот се враќа назад во Италија, каде претходно со голем успех настапуваше во Удинезе, а веќе со првата изјава успеа да ги „запали“ приврзаниците на „нероаѕурите“.
„Интер не е клуб за секого. Затоа и јас дојдов овде“ – напиша Алексис на својот профил на социјалните мрежи.
Гигантот од Милано тргна моќно на стартот од новата сезона, а нема сомнеж дека со ангажманот на овој одличен голгетер „нероаѕурите“ добиваат значаен адут во битката за највисок пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

