Алексис одби да излезе од игра, па донесе триумф за четвртфинале на Чиле (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Чиле се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка по победата над Еквадор од 2-1. За Чиле ова беше втора победа во групната фаза која им го осигура пласманот во четвртфиналето.

На мечот брилјираше Алексис Санчез, кој во првото полувреме заработи и повреда но одби да излезе од игра. Сето тоа покажува колку му значи националниот дрес во кој на два меча постигна два гола, исто толку колку минатата цела сезона за Манчестер јунајтед.

Алексис одби да излезе од игра, па на стартот од второто полувреме постигна и гол за триумф од 2-1. Се очекува, сепак, да биде подготвен за четвртфиналната пресметка…

 

Се вчитува...