Алексис Санчез доби 16 месеци затвор, ама ќе си плати милионче и нема да лежи

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез спогодбено доби казна од 16 месеци затвор од шпанскиот Суд, поради затајување на данок во периодот додека го носеше дресот на Барселона. Но, како и многу други претходни случаи, и тој нема да ја одлежи затворската казнам туку ќе плати еден милион евра на државата.

Алексис Санчез е прогласен за виновен поради тоа што заработката од своите имиџ права ја префрлил на две странски компании, надвор од Шпанија, а притоа не платил данок. Сепак, сегашниот фудбалер на Манчестер јунајтед сигурно без проблеми ќе ја регулира оваа парична казна и ќе избегне поголеми проблеми.

 

Се вчитува...