Алексис Санчез договори „кам-бек“ во Интер

Екипата на Интер е многу блиску во своите редови да го врати чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез. Според информациите, двете страни веќе постигнале договор за плата од 2,5 милиони евра за договор од една година, но најпрво Интер ќе треба да го продаде Хоакин Кореа кој е на излезна врата од „Меаца“.

Чилеанецот кој има 34 години, ги одби понудите од Саудиска Арабија, Турција и Франција за да се врати во таборот на европскиот вицепрвак.

Санчез играше во Интер меѓу 2019 и 2022 година, и забележа 109 настапи за клубот, постигнувајќи 20 голови, и запишувајќи 23 асистенции. Минатата година беше дел од Марсеј и стана најдобар стрелец на тимот со 18 голови на 44 меча.

Се вчитува...