Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез не сака да го напушти „Олд Трафорд“ и покрај пораката од менаџерот Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот дека тоа за него би било најдобро решение. Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од фудбалерот кој има енормна плата, а не успеа да прикаже задоволителни игри за да ја заслужи во изминатите 18 месеци.
Алексис Санчез заработува фантастични 400.000 фунти седмично, но не успеа да се наметне во Манчестер Јунајтед. Беше доведен како големо засилување од Арсенал, но разочара со игрите. Сега клубот гледа солуции за да се ослободи од него, дури му се закани и дека ќе мора да тренира со резервниот тим доколку не прифати разделба, но Чилеанецот категорично сака да остане на „Олд Трафорд“.
За Алексис Санчез постои интерес од неколку италијански клубови, но тие не се во можност да издвојат толку големи финансиски средства за неговата плата. Во игра се Рома, Милан, Јувентус и Наполи, и сите би сакале да го доведат на едногодишна позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА