Алексис Санчез вели дека не жали за одлуката да направи трансфер во Мачестер Јунајтед, но смета дека во клубот не ја добил потребната шанса. 30-годишниот Чилеанец замина на едносезонска позајмица во Интер откако во 19-те месеци на „Олд Трафорд“ беше далеку од очекувањата кои од него ги имаше клубот.
Во Јунајтед каде што дојде од премиерлигашкиот ривал, Арсенал во јануари 2018 година, Санчез беше фудбалерот со највисоки неделни примања од 400 000 фунти.
„Бев среќен што отидов во Манчестер Јунајтед, но посотјано повторував дека треба повеќе да играм. Некогаш добивав по 60 минути на натпревар, а потоа на следниот не играв воопшто. Бев среќен што сум таму, во клубот кој има најмногу освоено во Англија“ – вели Санчез.
Во периодот кога беше во Арсенал, Санчез постигна 80 гола на 166 меча. Во Јунајтед беше сосема поинаку, во послендата сезона имае само два гола на 27 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА