Алексис Санчез ги минува последните месеци во дресот на Манчестер јунајтед, откако чилеанскиот репрезентативец се најде во немилост на Жозе Мурињо и го загуби првотимскиот статус кај „црвените ѓаволи“. Последните информации велат дека Алексис е подготвен да си замине од Манчестер, а најсериозна опција во моментов е Реал Мадрид.
Како што објави „Ел Чирингуито“, Чилеанецот веќе бил понуден од страна на својот агент на „кралскиот клуб“. Европскиот првак најавува дека подготвува ремонт за наредната сезона, а не се исклучува можноста веќе во јануари на „Сантијаго Бернабеу“ да пристигне голгетерот од Манчестер јунајтед.
„Санчез бара начин што поскоро да си замине од Манчестер, а Реал Мадрид дефинитивно е сериозна опција“ – објавуваат шпанските медиуми.
Британските весници тврдат дека Алексис е несреќен во клубот каде заработува 350.000 фунти неделна плата, а во меѓувреме го загуби и првотимскиот статус кај Жозе Мурињо. Претходно како опција за негов ангажман се споменуваше и ПСЖ, но поради проблемите со финансискиот ферплеј моментно многу посериозна опција e актуелниот европски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА